☎ 034/ 381-538, e-mail: kontakt@ksv.mk
Проверете ја состојбата на Вашата сметка повеќе
ISO Стандарди

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ЈП КОМУНАЛЕН СЕРВИС ВАЛАНДОВО



Политиката на квалитет и безбедност на водата за пиење е темел на работењето на ЈП КОМУНАЛЕН СЕРВИС ВАЛАНДОВО. Деловниот успех почива на постојано подигнување на свеста за важноста за спроведување на превентивни мерки кои ќе ја осигураат здравствената исправност на водата за пиење.

Сите вработени во својот сегмент на работење ги почитуваат начелата на својата работа, законските прописи на Република Македонија и прописите на претпријатието при што нивната целокупна работа се темели на меѓусебна соработка со цел остварување на завршна цел.

НАШАТА ЗАВРШНА ЦЕЛ Е ЗАДОВОЛЕН ПОТРОШУВАЧ.


Заради непрекинатост во остварување на нашите цели и постигнување на задоволство кај нашите корисници и останатите заинтересирани страни – сопственици, вработени, добавувачи и заедницата воопшто во која дејствуваме, се одлучивме за воведување на превентивен систем на самоконтрола базиран на начелата на HACCP. Според одредбите од Законот за безбедност на храна и ИСО 9001:2008, воспоставуваме и спроведуваме редовни контроли на хигиенските услови за собирање, обработка и снабдување со вода согласно HACCP системот, како и надополнување на системот со управување со квалитет преку ISO 9001:2008 стандардот.

Во таа цел ја спроведуваме следната политика на квалитет на водата за пиење:
  • Задоволување на правните прописи за здравствената исправност на водата за пиење
  • Предвидување на опасности и ризик во сите фази на процесите и нивно отстранување
  • Превземање на превентивни мерки пред да настане проблемот, односно неускладеноста
  • Активно учество на сите вработени во процесот на собирање, обработка и снабдување со вода и грижа за здравствената сигурност на водата за пиење
  • Постојано подигање на квалитетот на водата
  • Намалување на бројот на рекламации на корисниците
  • Намалувањена трошоците за собирање, обработка и снабдување со вода преку соодветни анализи
  • Намалување на загубите на енергенти
  • Зголемување на задоволството на корисниците
  • Систематско и темелно спроведување на политиката на хигиена на сите процеси


Менаџментот на претпријатието е свесен дека политиката за управување со квалитет на водата за пиење треба да претставува заеднички напор на сите во подигнување на највисоко ниво на квалитетот на производите и услугите и да се осигура дека политиката е достапна на вработените на сите нивоа во претпријатието. Врвниот квалитет ќе е основна одлика на сите наши услуги

Нашиот ХАЦЦП систем е осмислен така да не води кон непрекинато подобрување при што истиот се проверува минимално еднаш годишно.

Стручно оспособување – секој работник со постојано стручно оспособување и усовршување,а со тоа активно допринесуваме за реализaција на програмата за квалитет.Обуката за квалитетот на вработените ќе се изведува на сите нивоа започнувајќи од највисокото раководство па до сите вработени кои ќе бидат вклучени во нашата програма за обука, на која ќе се посвети и најголемо внимание. Организираното образование е трајна задача за раководните структури, постојано подржувајќи ги и стимулирајќи ги креативноста на вработените, нивните иницијативи и одговорности за квалитет.

Тежнееме да работиме без грешка - бидејќи ги почитуваме нашите стандарди за квалитет на услугите кои се дефинирани во документите на системот за квалитет. Ќе настојуваме да човечката грешка ја сведиме на минимум, со непрекинато вложување во развој, подобрување на техничката опременост и во негување на долгорочни деловни врски.

Професионално и одговорно ја извршуваме својата должност – врвна професионалност и одговорност на работниците во остварување на своите работни задачи е единствен услов за реализација на целите на политиката на квалитетот. Со професионално реализирање на целите на политиката на квалитетот и доследноста на примена на стандардите постојано ќе се јакне својот углед и се дава сопствен допринос во развојот на нашето претпријатие

Непрекинато следење на хигиенските и здравствените исправности на процесите како би се отстраниле сите ризици кои се штетни за здравјето на луѓето – бидејќи тотален квалитет на живеење се постигнува преку безбедна храна и безбедна околина, а најскапо од се е човечкото здравје

Мотивирање на вработените за унапредување на системот за квалитет - мора да се постигне низ напорите на раководството на претпријатието да создава работна клима во која потенцијалот, тимската работа и знаењето бидат во полна мера вреднувани .

Маркетинг стратегија - Воведувањето на стандардот претставува основа на маркетинг стратегијата и унапредување на работниот систем со цел создавање на сигурност кај корисниците

Валандово, јуни 2014 година

Директор
Дејан Бошков

Пријави проблем
чие решавење е надлежност на комунален сервис Валандово
Created by | Copyright 2015